ТЕРОРОТ ВО ПРОБИШТИПСКА (ЗЛЕТОВСКА) и ЦАРЕВОСЕЛСКА ОКОЛИЈА

По избувнувањета на Овчеполскиот бунт, Царево Село со околината е претворено во вистински простор за помор. Односно, само на преминот меѓу 1914 и 1915 г. од Царвво Село беследно исчезнале 11 души, 12 од с. Разловци, 15 души од с. Илиово, 27 од реанот на Овчеполието, околу 100 души бегалци од Штипска и Радовишка околија ити. Всушност, бунтот на Овче Поле ги покажал на виделина сите слабости на српскиот окупатороки сисетм. Луѓето од Царевоселска околија не можеле поинаку да го фатат преминот на 1200 бегалци од српска на бугарска територија и тоа незабележани”, освен како потполна некадарност на српскиот државен”, полициски и воен апарат. Во тоа време секому му било повеќе од јасно, дека Србија немала сили да води битка на два фронта: против АвстроУнгарија на север, и против четите на ВМОРО на југ. Познати се повеќе примери кои покажуваат како српските жандарми, специјалните воени единици и другите сили на редот, просто се раскајувале ако во судир оо четите на ВМОРО убијат некој четник. Во тој поглед, најдобро зборуваат бројките на убиените од едната и од другата страна.
Во периодот меѓу 1913—1915 г. српските сили на рвдот најголем успех забелелсале во пресметките со четите на ВМРО кај велешкото село Скачинци, во кој судир заедно со војводата Владо Сланков биле убиени уште четворица комити, додека бројот на убиените српски потерџии е многу поголем и заслужува да биде анализирано прашањето: зошто е така?
На 13 јануари околу 1200 души бегалци од Велес и Велешко придружувани само од неколку вооружени комити, преку Царевоселска околија, преминале во Бугарија. Во март истата година, и тоа само за една ноќ,
во Струмица пребегале 1200 воени обврзници од Вардарокиот дел на Македонија. Или овој пример: Меѓу 31 јануари и 10 март 1915 г. четата на Иван Јанев и покрај тоа што била опколена од сите страни со војници и жандарми, си пробива пат во близина на кочанското село Жиганци и Чешиново со иссукани ножеви и бомби. Многубројиите српски војници пред овие „зли, пакосни и луди комити” спас побарале со бегство. Два коња на офицерите биле запленети од четниците и биле префрлвни преку границата во Струмица.
Вакви и слични примери на овој, скоро секојдневно се осигрувале на територијата на Царевоселска околија. Српоките војници и жандармите свесно избегнувајќи ги јавните судири со четите на ВМРО, во замена на тоа ги тероризирале обичните граѓани.
Во периодот меѓу 1 септември 1914 и есента 1915 година, српските потерџии се пресметале со: Господинка Јованова, Иванка Коларока, Милкана Костадинсва, Доне (Андан) Христов Георгиев, Христо Пецов, (кметски наместник), Ангел Митков, Васил Георгиев и со Васил Крстев, полски чувар, сите од с. Бигла, Каменичко.
За теророт на кој биле изложени, еден сведок на настанот, иако во претсмртните часови, посведочил: „Познато ви е како дојдоа, што ни правеа, а потоа не одвлекоа за Кочани и Штип. По патот ни правеа што сакаа. Кога стасавме во месноста „Црн Камен”, калимански атар, ги одделија од стројот дедо Георги Марков и дедо Ангел Мишков и ги сосекоа со бајонетите. Другите не однесоа дури во Вучитрн каде што падна наредба и нас да ие истепаат. Јао и чичко ви Васил Георгивв некако паднавме под труповите на другите, не не пребодеа на лошо место, па останавме живи. Се видов и со тетка ви во Виница”.
Тоа беа последните зборови на татко ми, вели неговиот син Глигор. Побара вода, се напи, започна да се тресе и почина. Штотуку беше наполнил 52 години. По апсењето на татко ми дојдоа потерџии во селото и, ги одвлекоа браќата Зафир и Глигор Петрови. И двајцата биле избодени во атарот на село Бање, Кочанско” .
с. Саса
1. Јордан Иванов, одвлечен со ортома околу вратот и исчезнал
2. Дими Јангелов, убиен во месноста „Јагодно Брдо” (има верзија дека е убиен по 1919 г.)
Бројот на тепаните и ограбените во ова населено место еднаков е на вкупниот број на населанието. „Немаше, семејство, маж или жена да не беше тепан од жандармите и другите потерџии” — категорички изјавуваат сведоците, современици на настаните.
Во назначениот период, во Царевоселока околија зачестила појавата на беследно исчезнување, како што бил случајот со 5 души од Саса, 4 од Вртиолавци, 7 од Каманица, 4 од Цера, 3 од Луковица, по 1 од Костин Дол, Главогаица и Калиманци, 2 од Тодарово, 6 од Вирче, 20 од Иотевник, 6 од с. Град, 5 од Бигла, 3 од Стамар, 3 од Моштица и други. Најголем број од беследно исчезнатите биле затвореници и заложници. Преку овие две форми секому можело да му се случи: „да го мркне, а да не го осамне и обратно”.
Со оглед на тоа што еден од главните канади на бегалците кон Бугарија минувал низ теритаријата на оваа околија, нормално било што населените места од подрачјето на денешна Пробиштипска општина меѓу 1913 и 1915 г. постојано биле изложени на опсади, а населението на разновидни политички и еканомоки притисоци. Од расположивите податоци може да се види дека во означениот двегодишен период, поради дезертирање на воените обврзници, поради бегство во Бугарија и во четите на ВМРО како и поради комитски и други противрежимски работи, само низ затворите на подолго и покусо време поминале над 1.000 души мажи, жени, деца и старци од тоташната Кратовска околија. Тешко е да се разграничи кој од трите видови наведени престапи најмногу ги лутел српските управувачи. Важно е дека со сите три категории престапници се пресметувале со иста жестокост: ги тепале, смртно ги затворале и ги измачувале вон сите човечки норми и достоинство, а највиновните меѓу нив ги убивале на лице место или ги ликвидирале потајно.
Посебно на терор биле изложувани ополченците, потоа лицата кои по било кој однос е нашле во редовите на бугароката војска за време на балканските војни, како и учителите и свештениците кои порано биле во служба на бугарската егзархија. Нешто подоцна од воспоставувањето на српската власт, цел на теророт пастанале и родителите, потоа браќата и сестрите на ополченците, како и нивните жени, доколку биле оженети.
После бунтот во Крагуевац најпрогонувани од страва на српските власти биле воените дезертери, бегалците во Бугарија и нивните најблиски од семејството. Така на пример, само во времето меѓу бунтовите во Крагуевац и Овче Поле, во Бугарија пребегнале: од с. Гајранци и Трооло по 18 воени обврзници, од Лезово 10, од
Судик 22, Петршино 3, Пуздерци 4, Ранченци 20, Стануловци 20—25, Стубол (Долни) 4—5 души и др. И не само тоа. Заедно оо нив во Бугарија пребегнале и 100 душн од Немавци, од Долно Црнилиште 10, од Горно Црнилиште 17, Павлешенци 12, од с. Преод 12, од Сарамзалино 6, итн. Меѓу бегалците биле: Саре Богославоки, Богдан Смилвв, Дане Јосифав, Алекса Лазаров, Итно Георгиев, Илија Шалварков, Коле Панов, Гарасим Јанш, Ефтим Бојчев, Сане Георгиев, Панзо Четков и др. за кои српските четиици и полицијата имале податаци дека биле инспиратори и поттикнувачи на воените бунтави во Крагуевац и Овче Поле.
Според нецелосните податоци, меѓу 1913 и 1915 г., од Кратовска околија во Бугарија побегнале над 1.750 дупж, без жените, децата и мажите кои не подлежеле на воена обврска, како и без оние кои уште во јули—август 1913 г. заедно со бугарските војски се павлекле во Бугарија. Бројот на пребеганите не е мал, особено кога се има предвид дека се работи за луѓе на возраст меѓу 18 и 50 гадини, најработоспособни од една, и од друга страна, тие го сочинувале биолошкиот потенцијал за опстанок на нацијата.
Како противмерка за спречување на бегствата, српските режимски институции, како и во останатите краеви на Областа, применувале систематски мерки на терор. Така на пример, уште во почетокот на август 1913 г. на робија биле испратени:
1. Нане Иванов
2. Георги Давитков
3. Серафим Јардев
4. Дане Давитков
5. Симон Станкав
6. Алекса Николов
Причина за апсењето било само тоа што во балканските војни тие се бореле како бугарски војници.
Во селото Станулавци до смрт биле тепани:
1. Стојче Лисичков
2. Мите Стаев
3. Јане Чаушов
4. Стојна Стаева
5. Иванка Кукурегова
Причина за тепањето било тоа што нивните синови и браќа побегнале во Бугарија. Тие биле тепани од жандармите и војниците во центарот на селото, со цел да ги заплашат и друште да не бегаат. Тепаните потоа биле завивани во овчи кожи за заздравување, но домашните лекарства не помогнале, сите умреле од последици на раните. Во есента 1915 г. српските војници одвлекле со себе тројца заложници од ова село.
Во селото Долни Стубол биле тероризирани членовите на потеснита семејства на Дане Санев, Серафим Богатинов, Димитар Умарски и Ефрвм Клинчарски.
Во селото Лезово биле мачени и тепани 14 селани меѓу кои и две жани: Иванка Митева и Савжа Митева, и двете на возраст од 60 години. Од село Неокази биле изнасилени 3, од Марчино 6 жени. Од двете населени места биле тепани и онеспособени 20 мажи и жени.
Иста судбина га снашла и 25 до 30 мажи од с. Барбарево, 5 од Ратавица, 4 од Калниште, 8 од Бучиште, 10 од Петршино, 6 од Зарапинци, 6 од Гризилевци и 4 од Стројманци, и други, додека од Злетово, уште во 1913 г., биле масакрирани 20 селани, на кои и куќите им биле опожарени.
Во големата тепачка во с. Барбарево пострадале голем број селани и тоа не само од Барбарево туку и од околните населени места и тоа: Игнат Милев, Нуне Донев, Мите Спасов, Стојан Кралев, Гаврил Трајчев, Димо Иванов, Мино Трајков, Наче Кралев, Наун Давитков, Марко Кралев, Данко Георгиев, Нуше Смилев, Митруш Нушев, Митруш Минчев, Таса Димева, Наум Костадинов, Григор Спаоов, Васил Трајков, Стојан Станојков, Трајко Спасов, Цаце Миланов, Мите Донев, Милан Ефремов, Наче Донев, Нако Гочев, Нане Бончвв, Ефрем Атанаоов и други. Сите тие биле тепани и онеспособени и уздреле
од последици на тепањето. Покрај овие, во тоа време, на
лице место биле убиени:
1. Гиче Иванов
2. Игнат Божилов
3. Петруш Кралев од с. Неокази
4. Томе Цеков од с. Марчино
5. Тасе Симеонов, „
Пред тоа, живи биле изгарени во куќата на поп Наун во село Мечкуевци: Милан од с. Куково и Пиро
Куковски.
За време на тепачките во селата: Шлегово, Малино, Павлешвнци, Гризилевци и друш, покрај Јован Бабунски се споменуваат и имињата на Крсто Трговишки и некој Јанко кој за време на отсуствување го заменувал Јован Бабунски, му бил помошник.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s


%d bloggers like this: