ВАЛАНДОВСКО УДОВСКАТА АТАКА

Судири што и претходеа на атаката
Пред крајот на 1914 и во почетокот на 1915 година, четите на Коло Лефтеров и Димитар Недков, во судирите со српските воени единици кај Демир Капија убиле 40 српски војници и еден офицер. Орпскиот двор и буржоазија место да извлечат поука, да не посегаат по туѓа земја и место да ја укреоуваат северната граница спрема АвстроУвгарија, тие држале околу 100 илјади војска во Македонија и 10—12 илјади жандармерија и бројни четнички фо1римации за да го задушуваат во крв националноослободителното движење во Македонија.
Во почетокот на 1915 г., исто така, до судири меѓу четите на ВМРО, и силите на орпскиот режим дошло во с. Мечкуевци, Овчеполоко и во с. Жиганци, Кочанско. Во овие судири биле убиени 20—30 орпски војници и жандарми. Меѓувремено, четата на Ефрем Миладинов водела вистинска позициона војна со српски војници и жандарми на просторот меѓу селата Криви Дол — Сушица и Богословец и Топлик, Штипско. Српските разбојнички банди немајќи омелост да се соочуваат „по нож” со комитите, применувале метода на уцена и терор врз цивилното населвние. Во март 1915 г., за да ја опречат четата на Ефрем Миладинов да гарестојува во село Сушица и во Криви Дол, српските власти започнале во Криви Дол да градат голема лсандармвриока станица, а пред тоа г.рупа жандарми и четници ги изнасилиле жените: Сава Трајкова, Лефтера Саздова и Петра Митева, истовремено тепајќи ги со стапови сите селани. Од средината на март, српските четници и жандарѕуште започнале жртвите се почесто живи да ги закопуваат во земјата, или пак публично да ги бесат како во Гевгелиско, Радовишко, Царевоселско, Малешевско и во други места.
Во втората половина на март 1915 г. на целиот простор од Спрумица до Крива Паланка перманентно се водени вооружвни борби меп/ четите на ВМРО и ороската војска и жандармерија. Од еден српски извор се гледа дека во одбра^на на српската граница, во тоа време, покрај војската, жандармеријата и четниците, биле мобилизирани дури и учителите како и околиските и ошптинските чиновници. „Сите учители од Малешевска околија — стои во извооот, биле принудени ноќите да ги поминуваат во заседи со жандармите” .
Слична била состојбата и во другите реони на 06ласта. Анкетираните совре;иеници, тврдат дека, во пролетта и летото 1915 г., не постоело населено место, а да не било тероризирано, во кое, најмногу страдало голоракото цивилно население.
ПОДГОТОВКИ И РАЗМЕРИ НА АТАКАТА
Валандоѕскоудовската атака по жестокоста и обемот претставува најголем вооружен предизвик што го презела ВМРО иротив српските упразувачи во Македсиија меѓу 1913 и 1915 година. Причините за овој оружен судир се општопознати: терарот што српските воени и цивилни власти го опроведувале врз цивилното население. Резултатите од анкетата опроведена во Валандовоко, Дојранско и Гевгелиско, упатуваат на заклучок дека речиси нема населено место кое во периодот меѓу 1913—1915 г. не мало по неколку воени дезертери, бегалци во Струмица, кои во секое време биле готови на било каков ризик да им се одмаздат на српските власти. Едноставно, бегалците од овој дел на Македонија настојувале да дојдат до каковтаков судир со терористите — српските четници, жандармеријата и војската.
Според пишувањето на познатиот македонски револуционер Ангел Динев, за центар на подготовките за атаката )била одредена Струмица, во која, во тоа време, било седиштето на Постојаната окружна ко^миоија ва ВМРО оо која раководел Коста Цишушев од Радовиш. Тој бил пунктов началиик на ВМРО, раководел оо пограничната разузнавачка служба и поседувал преглед на сите емигранти кои по разни оонови нашле прибежиште во Струмица. Комисијата имала своја парична каса, облека, оружје и вкоплозивни материјали за извршување на напред опоменатите атентати на пругата Гевгелија — Велес и на други места.
Главниот магазин на оружјето, експлозивите, опецијалните штикови, четничката облека и друго, се наоѓал во с. Свидовица, во куќата на свештеникот Христо Терзиев, родум од с. Владаја — Дојранско, кое било опожарено 1913 година. Од Свидовица оружјето е разнесувано во пограничните села: Дорломбос, Мемешли, Орманли, Злеово, Костурино, Раборци, Попчево, Белотино, Рич и другите села спрема Валандовска околија.
Подготовките за атаката (нападот) се вршени во месноста „Маркова Река” во близина на с. Раборци, и во атарот на селата Водоча и Баница. Униформираните македонски и турски четници ноќевале во просториите на училиштето во с. Градско Балдовци и во поранешните заптиски сханици во с. Рич, Раборци и во пограничните турски иаоелани места. На вежбалишгето во „Маркова Река” и кај Водоча и Баница, четниците на ВМРО и друште учеоници во атаката вежбале со пушки, бомби и со ножеви. Кај „Маркова Река” вежбале четниците од македонско, а кај Водоча и Баница четниците од турско потекло. Бил избран и Главен штаб за инструктажа и раководење со нападот. Штабот го сочинувале: Петар Чаулев, Ване Стојанов, Љубомир Весов, Стефан Алабаков, Панајот Каранфилов, Туше Скачков, Христо Делчев, брат на Гоце Делчев, Петар Овчаров, реонски војвода за Дојранска околија, Тимчо Ковански, родум од с. Кованец, Гевгелиско, Усеин Хаки Беј, Лаззјр Рунтев од с. Габрово, Гевгелиско, Апостол Петков, Леонид Јанков, Стојче Чочков, Тодор Чочков, Попето Смоквички, Нишко Дончев Попов, Божин Танев, Илко Камчев, Георги Боцов, Абдија Капетан, Георги Илков, Назиф Ага, Георш Зајков, Христо Ѓурчилов, Атанас Гугуланов, Гоне Какаров, Анаштир Грбанаков, Андон Сарамандов, Аргир Манасиев, Ваоил Нецев,
Илија Маказлиев, Тома Икономов, бутарските поручници Николов и Казаков и други.
Четниците кои зеле учество во подготовките и во на падот на Валандово и на селата Пирава и Удово, најмногу бил регрутиран од редот на македонските и турските бе галци од Валандовска, Дојранска, Гевгелиска, Радовишка и од Малешевска околија. Според најновите податоци, за учество во Валандовската атака на 2 април 1915 г., само од РадовЕОПките села: Дамјан и Конче се пријавиле 180 турски доброволци. Додека турското население од селата Дорломбос, Башибос, Злеово, Горна Собра, Калково, Кал’ц ково, Кошарка, Татарли и др. без противење се воору жило и чекало оигнал за напад на граничните караули, жандармериските станигда и на српоките општински управи. И Македонците учесвици во нштадот биле мобилизирани на доброволна основа. Во тој поглед во Дневникот на В. Качаров, меѓу другото, стои: „Велко Качоров градеше куќа, а ѕидари му беа Божин Тасев, Лазар Тасев, Ванчо Тасев и Ефтим Калајџиев од Малешевијата. Два дена од неделата работеа само до пладне. На 31 март 1915г. дојде војводата Јован Белчов и им рече на мајсторите:„данеока ке ве носам во Струмнца. 1ие оез цротивење ги оставија алатите и му рекоа на татко им: „утре или за дендва ќе чуете, ќе ги препадиме Србите од Дојран и Валандово, а може и од цела Македонија. Весело кренаа со војводата кон Струмица и беа радоони што ќе одат во борба”.
Во подготавките и во нападот зеле учество 400 четници на ВМРО кои биле распоредани во 3 македански и 1 турска чета. Овој четнички потенцијал од (600—700) души за време на нападот бил лотпомогнат од 600 организирани члнеови на имеоната ВМРО од населеиите места на Дојранска, Валандовска и Гевгелиока околија, а најмногу ги имало од Валандово, Раброво, Долна и Горна Собра, Пирава, Удово, Калково, Пенуш, Кал’цково, Балинци, Брајковци, Марвинци, Миравци, Милетково, Давидово и од с. Фурка. Со оглед на тоа што е сочуван еден спиоок на меаните учеоници во атаката од гратчето ВаландоБО, денес, со поголема сигурност може да се зборува за јачината на силите во пресметката и од српока страна и од стра1на на ВМРО. Драгоцени се и податоците — прегледите на иселените семејства на 3 април 1915 г. од кои исто така може да се заклучи дека во атаката на 2 април 1915 г. не учествувале оамо 3 чети нај ВМРО и 1 турска чета, туку со оружје в рака учество зеле и голем голем број меони членови на ВМРО кои вон оите 1надворешни балканоки и вонбалкански комбинации, на нападот му дале народен, национален и ослободителен белег.
Не е спорно прашањето дека, со организацијата и подготовките, а особено со извршувањето на нападот непосредно раководеле: Тодор Александров, Александар Протогеров, мр Каранџулов, др Татарчвв зад кои стоеле: Австроунгароката влада и др Радославов (гер^манофил по убедување кој оакал Бугарија да се вклучи во I светока војна на отрана на Германија и Австроунгарците).
Во врска со тоа,, еве што коментира Ангел Динев: „Австријците му наредија на др Татарчев да организира едно востание во српока Македонија, за да се даде повод за нарушување на неутралитетот на Бугарија. Меѓутоа, др Татарчев не се ангажира во таа провокација, туку ја упати Австроунгароката влада на Тодор Александров и Алекоандар Протогеров кои со помошта на еден турски бег го организираа пограничното турско население во дојраноките и валандовоките села, како и дел од македонското наоеление во Струмица, па во пролетта 1915 г. извршија напад на Валандовока околија оо цел да ое урне железничкиот мост на Вардар кат о. Удово. Нападот беше подготвуван на бугарска територија, во Струмица, огништето за спроведување на германобугарската провокација”.
Тврдењето и коментарот на Ангел Динев не може да се прифати во целоот. На ваков заклучок упатуваат бројните сведоштва на современиците на настанот од струмичките села Градоко Бладовци, Свидовица, Белотино, Рич,Попчево, Раборци, Костурино, кои се категорични во тврдењата дека, организаторите на нападот биле во постотан контакт со кметските намесници од тие села, но потајно, зад грбот на официјалните бугарски виши власти од Струмица. Меѓу другите, така сведочат и: Лефтер Терзиев, преживеан учесник, син на свештеникот Христо Терзиев, еден од главните организатори, во чија што куќа бил главниот магазин за оружје на ВМРО, како и кметскиот наместник на с. Градско Балдовци Мите Михајлов. Првиот сведок вели: „Јас како и сите други што кренавме во напад, не ме интересираше политиката. Повеќе сакав да загинам одошто Македонија да биде под иго. На нас ни требаше само малку помош во луѓе и во оруж^е и ќе успееевме”. Вториот современик, Мите Михајлов, сведочи: „Тешко беше да се определиш. Бугарија водеше една политика, а Организацијата друга. Дење работев за државата, а ноќе за Организацијата. Четниците, кои престојуваа во училиштето, честопати ги карав бидејќи ја пееја песната „Ај да лдеме, ај да идеме Штип, Куманово, Штип, Куманово”. Преку песната можеше да се открие дека во нашето село се „вари” некоја каша.
Слични по содржината се и сведоштвата на: Николија Јанев, Коста Атанасов, Наќе Георгиев, Тимо Танев од с. Белотино, учесници во нападот и членови на извидничката дружина кои предводеле 3 чети на ВМОРО и една турска чета пред, и по извршувањето на нападот, на 3 април 1915 г. Во крајна линија, ваквата констатација може да се извлече и преку анализирање на фактот дека е бомбардирана куќатамагазинот за оружје на ВМРО, сопственост на Христо Терзиев во с. Свидовица. Меѓутоа е минирана и дигната во воздух со цел да се сокријат трагите на подготовките на атаката.
Нашроти 600—700 четници, припадници на ВМРО и нивните турски сојузници, српските одбранбени сили во атаката броеле 1.200 војници и целокупната жандармерија од просторот меѓу Демир Капија и с. Николиќево, кој Дојран. Српските воени и жандармериски сили биле распоредени по границата, во населените места и долж железничката линија меѓу Демир Капија и Гевгелија. Со нив командувале мајорите: Михајло Милјашевиќ, Горѓе Јовановиќ и Радомир Петраниќ. Командант на оите единици бил потполковникот Милан Виоровиќ.
Како директен повод за нападот послужиле измачувањата на атентаторите Георги Танев, Дине Пурдиков, од с. Петрово, Гевгелиско, Димитар Николов и Неда Ризманова од с. Градец, Валандовско, како и големите масакри извршени врз цивилното население во селата Дедино, Загорци, Караџилар, Дамјан, Рахитец, Гарван, Ињево, Скоруша, Долна и Горна Враштица, Брест, Пиперево и други во Радовишко, Гитипско и во Пехчево, од страна на четниците на Јован Бабунски и српската жандармерија.
Всушност, првиот напад започнал во атарот на Пехчево, на 29 март 1915 г., а по три дена, на 2 април истата година, на „Тежок петок”, во раните утрински часови била извршена страотна атака од страна на 4 чети на ВМРО врз Валандово и селата Пирава и Удово, Валандовско.
Нападот започнал во 3,30 часот наутро, за кој современиците велат дека повеќе личел на некаква бура одошто на воен судир. Српоките воени и други укрепувања на граничниот простор здеѓу селата Удово и Николиќево, најблаго речено, биле срамнети со земјата, а стражарите биле исклани. Најсилен бил нападот за преземање на Валандово и селата Удово и Пирава. За преземање на Удово, односно мостот на реката Вардар, меѓу 9 и 10 часот на 2 април 1915 г., се водела најжестоката борба. Околу 11,30 часот, напаѓачите (четите на ВМРО) се повлекле од кај Удово и без паника со нив се повлекувало и цивилното население од Удово, Калково, Кал’цково, Пенуш и од други села. Селаните со себе ја повеле и стоката (овци, говеда, кози и др.), а околу 15 часот попладне ја преминале границата кон Струмица. На другиот сектор од нападот биле атакувани орпоките воени и жандармериски сили, концентрирани во Валандово и с. Пирава. Валандово во тоа време го бранела единицата на мајор Милјашевиќ. Кога било забележано продирањето на бугарскотуроката чета кон Валандово, Милјашевиќ брзо ги евакуирал својата, и жените на останатите српски чиновници од Валандово, за
Гевгелија. Нападот на Валандово и Пирава бил урагански. Српската одбрана на брза рака била скршена, а запленетите војници и службеници, без двајца сите биле заклани. Во врска со овот настан еден современик, сведок на она што се случило, забележал: „Беше Тежок петок. Целото семејство бевме на црква. За време на мисата се чу пукотницата од многу пушки. Поп Димитар рече: тоа се нашите. Првите пукотници доаѓаа од кај Удово, каде што била нападната воената барака. Не помина ни еден час, се појави друга чета која почна да ги атакува трите српски бункери, кои беа подигнати над Пирава и Валандово. Кога четниците навлегоа во Пирава, под нож падна се што беше српско. Тројца службеници бегаа во правец на Удово. Низ шумата се провлекле до тиквешкото село Корешница, но тука биле фатени и биле исечени на парчиња. Еден српски војник беше земен во заштита од Дине Кавадаров, но Кор Абдул го оттргна војникот од рацете на Дине и бесно извика: „дај ми го да му ја изедам главата на тој руски човек”. Меѓу сите Срби што беа затекнати во Валандово и во Пирава, кожата си ја спасила само една жена на српски офицер што нашите жени ја беа сокриле во една фурна за печење леб и сливи, и еден жандарм кој се беше сокрил во ѕвоното на камбаната во Валандово. Не беа поштедени и болните млади кадети кои лежеа во Валандово. Сите, по ред, беа исклани. Не знам, можеби таква беше наредбата, не стрелаа, ами ги колеа Србите само со нож, како овци. Изгледот на четниците беше страшен, трчеа во платно. Никогаш не сум видел толку да им светат очите на луѓето, а забите да им крцаат од лутина. Ножевите им беа исукани и извалкани од крв. Видов како го носат на раце војводата Петар Овчаров, беше ранет. Кога ги испотепаа сите Срби, не собраа на збор и ни говореа дека во скоро време Македонија ќе биде ослободена. Вечерта четата се повлече спрема Струмица. Заедно со четата си заадинаа селаните од селата; Плавуш, Пирава (сите Турци и неколку напш семејства) Калково, Кал’цково, Гулели, Аразли, Баракли, Бапгчгели, Удово, Весели и од с. Верзели. Српската војска што доаѓала од кај Тиквеш, цел ден не се осмелила да крене кон Валандово, Удово и Пирава. Србите кои побегнале спрема Гевгелија, биле преплашени и се криеле по куќите. Српската воена коњица стаса наредниот ден. На оние што останавме во
селото ни беше наредено да ги пречекаме Србите со бело знаме. На чело на поворката беше жената на офицерот што ја беа сокриле нашите жени во фурната. Таа на српските офицери им кажа: „Турци беа, не ги задевајте Бугарите .
И сведоштвата на П. Градечки во целост се поклопуваат со оние на претходниот сведок. За време на нападот, Градечки се наоѓал во една визба, во куќата на Зурап Бфенди во Старо Удово. Тој го слушал разговорот меѓу Зурап и Абдија Капетан. Во рацете му паднало и едно пиомо со список на Организацијата, но за жал тоа било оштетено, па затоа тот само го интерпретира по сеќавање. Значајно и изворно е сведоштвото на Градечки кога зборува за закопот на убиените Срби, па во врска со тоа вели: „Вкупно беа наредени во Удово 480 мртви, исклани и стрелани српски војници и жандарми. Немаше кој да ги оплакува. Говор одржа учителот Христо Нановиќ од Дојран, кој опомна дека се очекувало да умрат од раните околу 300 други војници и жандарми. По тоа, знам дека за време на атаката беа убиени околу 700 Срби. Меѓу убиените вмаше и железничари. Нановиќ рече: „Срам нека им биде на Бугарите. По крв се наши браќа, а со крвта на нашите деца за овој Велигден, на нивните деца нека им вапцуваат јајца”.
Инаку, од Валандовска, Дојранска и Гевгелиска околија, учесници во атаката од 2 април 1915 г. има повеќе на број. Така на пример, само од с. Пирава вечерта на 2 април заедно со четите на ВМРО, се повлекле 50% од вкупното население. Слична била состојбата и со населението на Валандово, Брајковци, Балинци, Марвинци, Раброво и други. Учесници во атаката има од Гевгелија, Дојран, с. Николиќево, Фурка, Долна и Горна Собра, Казандол, Татарли, Стојаково, Богданци, Богородица, Смоквица, Габрово, Петрово, Серменин, Хума, Конско, Кованец, односно од сите населени места на трите околии. Меѓу загинатите околу 40 припадници на четите на ВМОРО, се споменуваат Јован Колев и Милуш Колев од с. Балинци. На списокот на учесниците во атаката се споменуваат и:
Гоне Какаров, Мито Самарџиев, Мито Банев, Ваоил Христов, Јован Колев, Глигор Хаџиев, Христо Танкин. Наќе Танчев, Милан Колев, Томе Глигоров, Илија Попов, Томе Грбанаков, Анаштир Грбанаков, Андон Сарамандов, Георги Зајков, Диме Ѕанев, Ефтим Ѕанев, Ефтим Кечев, Христо Џртев, Јован Тегов, Христо Ѓурчилов, Атанас Гуголанов, Аџи Беј, Исинага, Топалбеј, Кор АбдулЕфенди, Зурап Ефенди, Томе Бајлозов, Дине Кавадаров, Ташо Павлов, Мито Гурето, Анаштир Брзанов, Коло Арнаудов, Тануш Џаков, Ефтим Зајков, Ангел Бакалов, Андон Бачев, Апостол Џетков, Леонид Јанков, Тимчо Кованоки, Попето Смоквички, Сто.јче Чочков, Петре Чочков, Нишко Попов, Георги Илков, Божин Танев и др.”‘
Во орпски извори се наведува дека во нападот учествувале околу 3.000 бугарски и турски четници од кои: 2.0О0 извршиле напад на Удово и 1.000 одлично вооружени и добро облечети бугарски комити го нападнале Валандово. Овие податоци не се точни, како што не е точен ни бројот на 181 загинати и околу 67 ранети српски војници. Односно, српоката комаеда поради срам, бројот на бугарските комити го зголемува од 600 на три илјади, а бројот на загинатите српски војници, жандарми, железничари и цивилните службеници, од 700—720, го смалува на 181 односно на 281 мртви и 67 ранети.
Од мошне поголемо значење за историјата се целите на атаката. Српските извори зборуваат за долго и добро подготвена акција на бугарските комити кои преку нападот имале за цел да ја принудат Србија на поголема попустливост во однос на Македонија, од една страна, и, од друга, преку разурнувањето на железничкиот мост на Вардар кат с. Удово требало да се спречи дотурот на помошта што Србија ја добивала од сојузниците преку Солун. Во крајна линија, замислата на АвстроУнгарија успешно завршила. Земјите на Антантата кои пред тоа биле готови на Бугарија да и направат отстапки во одпос на Македонија, се разбира, доколку таа би прифатила да биде на нивна страна во војната, после атаката се разочарале од нејзиното поведение. Овој момент го искористила Србија која започнала широка кампања против Бугарија.
Валандовоката атака од мно1гу групации била о^оудена како акт што го урива угледот на Бугарија. Против атаката се изјаонил дури и Иван Филев, министер на Бугарската армија. Тој не Ја прифаќал соработката што му ја нуделе Тодор Александров и Александар Протогеров. Во прилог на тоа се произнел само министерпретседателот на бугароката влада, др Радославов, кој тврдел дека востанието во Валандово е дело на месни луѓе кои кренале глас против неподносливиот крвав режим во Вардарска Македонија.
Бидејќи силите на Антантата побарале спроведување на анкета на населението на местото на нападот, др Радославов го повикал во Софија пунктовиот началник на БМРО од Струмица Коста Ципушев, при што го предуиредил, за во иднина, при преземањето на бипо какви акции против Србите, да биде повнимателен.
Меѓувремено, атентатори од Гевгелија ја минирале куќата на свештеникот Христо Терзиев во с. Свидовица, при што тој и семејството биле мренати во воздух. На тој начин трагата, Организацијата да биде изведувач на атаката била избришана. При спроведувањето на Анкетата во Удово, Пирава, Валандово, на бугарока страна сведочеле и двајцата преживеани српски сведоци: жандармот, кот се скрил во камбанаријата и жената на офицерот што ја скриле жените од Валандово во фурната за печење леб. Според зборовите на Алија Ибраимов, тие кажале: „напаѓачите беа Турци, не беа Бугари”. Така сведочеа бидејки Србите се уште се надеваа дека ќе треба да се спогодуваат со Бугарите, кој од нив, на кој дел од Македонија ке биде гооподар. Србите на војводата Петар Овчаров му даваа подароци. Војводата Овчаров беше ранет кај Удово. но за него Србите ништо не им кажаа на Европејците”.
Целта што сакала ВМРО да ја постипне со атаката од 2 април 1915 г. не била постигната. Српските окл/патори уште наредниот ден по нападот се нафрлиле врз населението во Македонија. Во с. Пирава, иако српската воена единица на 3 април 1915 г. била пречекана со бело знаме од месното население, кое останало во селото, војниците го убиле Алија Домазетов, а на другите граѓани почнале да им се закануваат дека сите до еден ќе бидат истребени.
Во Валандово орпските војници почнале да се пресметуваат уште пожестако со луѓето. Влегувале во куќите и барале сокриени комити. Од ова место биле одвлечени и парчосани неколку граѓани. И не само во Валандовско, Гевгелиско и во Дојранско, српските војници, жандари и четници во знак на одмазда крваво се пресметале со голвм број Македонци и Турци и од другите краеви на Македонија. Др Петар Стојанов времето по ВалаЈНДОвокоудовокото востание го наречува период на ново чистење од „бугарашките” елементинапросторонтево: Валајндовско, Радовишко, делови од Струмичко и цела источна Македонија. Во прилог на ваквата констатација зборува и изјавата на началникот на Брегалничкиот округ, кој споменува бројка од 73 уапсени бугараши од територијата на Радовишка околија, меѓу кои имало и 13 Турци, вмешани во аферата на Бостанието во Валандово. Во изјавата на началникот се споменуваат имињата на Коце Зафиров и Тодор Андонов за кои е подвлечено дека се раскајале — првиот полудел, а вториот скокнал од горниот кат на зградата на Околиската управа.
Всушност, се работи за лица уапсени пред ВаландовскоУдовското востание, но началникот на Брегалничкиот округ од политички причини, како и со намера да ги оправда ирвавата недела на режимот, апсењата, масакрите и сите крвави драми, ги поврзува со настаните во Валандово и, на тој начин, вината за сето тоа пред оветската јавност требало да се прикачи на Бугарија.
На голем терор по Валандовската атака биле изложени жителите на Малешевска, Царевоселска па и делови од Штипока околија. Само од с Владимирово, Малешевско, биле уапсени, тепани и убивни околу 100 души меѓу кои имало и жени. Покрај тоа, српските гооподари во пролетта, а оообено во летото и почетокот на есента 1915 г. почнале да земаат и заложници кои во најголем број случаи беследно исчезнале, или пак им се подигнати надгробни пахметници, но во гробовите нема нивни коски.
И на крајот, треба да се одбележи и тоа дека Валандовокоудовоката атака има белези и на народно востание. Самиот факт што на 2 април 1915 г. десетина села целосно, и десетина делумно се иселиле од Валандовска во Струмичка околија, доволно говори дека нападот не бил комитаџиоки, како што е окарактеризиран во орпските извори, туку дека е вистиноки израз на револт на народот и очајнички обид да се дојде до саканата слобода. Сосема е друго прашањето: што сакала АвстроУнгарија; каков бил отавот на другите европоки и балканоки држави; какви цели имале инопираторите и слично.
Учеоницете од редовите на народот се вклучиле во акцијата и во преометките, за да го отфрлат српското господотво и да се добере слободата. Бидејки востанието не успеало, околу 6 до 7 илјади луѓе со се живата стока од Валандовока, пребегнале во Струмичка околија. Всушност бројката на пребегнатите го одредува и карактерот на настанот.

Advertisements

4 Responses to “ВАЛАНДОВСКО УДОВСКАТА АТАКА”

  1. Стојко Ташков Says:

    Преведете ми го зборот гарестојува… Извинете ама бидејќи е „чист македонски“ не го разбирам. Она што заборавате да го наведете во вашите настојувања е: дека четите на Коло Лефтеров и Димитар Недков се под БУГАРСКА команда и целосно помогнати од бугарската Влада која и го формира ВМРО. Нејзиното прво име-Бугарски револуционерен комитет-ја кажува целосната улога во борбата за „слобода“ на Македонскиот народ, а нејзината цел „автономна Македонија, до спојување со „мајка“ БЪЛГАРИЯ“. Ова најчесто (намерно) се заборава (се напоменува само првиот дел на целта) кога се зборува за улогата на истата организација со цел да се докаже нејзината „патриотска“ улога… Наведувате и ваква информација „Во подготавките и во нападот зеле учество 400 четници на ВМРО кои биле распоредани во 3 македански и 1 турска чета.“(!?) Замислете само!? Многу интересен „патриотизам“ – соработка со оние кои до вчера силувале, палеле и го задушувале во крв МАКЕДОНСКИОТ народ, кои (какво ли херојство) преку ноќ стануваат верни браќа против заедничкиот ни „непријател“. По вашата историја испаѓа дека Македонецот живеел среќно и богато под турско ропство. Феноменално! И уште нешто: од кога во македонскиот јазик постои зборот ПУБЛИЧНО?
    Навистина добра патриотическа историја. Само напред! Така требит!

  2. Srba Says:

    Sram vas bilo Makedonci, za ono što ste Srbima radili, a od Srba ste postali. U životu se sve vraća i sve plaća, obiće vam se o glavu to prodavanje vere za večeru

  3. Metodija Says:

    абе кучиња шумадиски ,шумкари !вардарска Македонија под српска власт од 1913-1915 и 1918-1941 тоа било пекол живите им завидувале на мртвите ,српските војници и жандарми биле пожестоки кон населението од башибозукот се однесувале како кон животни робови а не како кон луѓе кон обичното славјанско и бугарско население сите повидни фамилии даскали и бивши војводи и комитаџии биле најгрозно убивани и мачени или фрлани во заднани и се спроведувала невидена асимилација врз населението побрутална била српската власт од грчката во егејот,овај период од нашата историја е намерно прескокнат или само малку се кажува,за да не ги нарушиме братските односи со нашите браќа од север !

  4. Јордан Ј. Says:

    Абе браќа србофоби историјата не е магаре па секој да го јава! Погледајте и некои други книги освен оние блгарските кои се полни и преполни со истина до крај и три црти потоа… Честитам на историската неписменост или за вас е историја што ќе ти каже баба ти и дедо ти…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s


%d bloggers like this: