ЦРКОВНОПРОСВЕТНАТА ПОЛИТИКА НА КРАЛСТВОТО СРБИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА 1912—1915

Црковнопросветната мрежа на територијата на Југоисточна Македонија пред балканските војни била густа и, што е уште позначајно, била добро екипирана со свештенички и наставновоспитувачки кадар. Од една сравнителна карта на учебното дело, која се однесува на учебната 1903—1904 година, може да се види дека цркви и училишта биле отворени скоро во сите населени места во областа, каде живеело словенско население. Пред почетокот на војните се отишло дури до таму, прашањето за верата и за училишното дело да биде актуелизирано и во мешаните македонскотурски населени места. Имено, меѓу Хуриетот и балканските војни, христијаните од мешаните населени места почнале да ги откопуваат од земјата црковните крстови и на местата на ископувањата. почнале да се собираат и да ги извршуваат верските обреди. Приодот кон училипшото дело исто така е прецизен. Сравнителната карта овозможува да се види дека, во споменатиот период, во училиштата во Македонија биле опфатени вкупно 75.267 ученици од кои егзархиски биле 45.839 патријаршиски 26.162 и српски 3.266 ученици. Од ово] број, на училиштата во југоисточна Македонија отпаѓале 11.468 ученика од кои: во Штипската каза се школувале 1.125, во Кочанската 938, во Дојранската 835, во Гевгелиската 2.185, во Струмичката 1.726, во Кратовската 639, во Тимвешка 571, во Пехчевоката 1.116, во Велешката 1.870 и во Радовишката каза 463 ученици. Значајно е и тоа што, во грчките училишта на територијата на југоисточна Македонија биле опфатепи само 1.566, а во српските само 467 ученици. Тоа значи дека пропагандите на овој простор го немале она
разорно дејство (се мисли на црковнопросветната пропаганда), како во останатите делови на Македонија.
Меѓутоа, мрежата на училиштата и црквите започнала да се стеснува уште во втората половина на октомври 1912 г. Скопскиот србоман Илија Гаврилов(иќ) на 25 октомври 1912 г. со писмо се обратил до Р. Путник и барал во новозаземените области да се отворат српски училишта и да се доведат учители од пределите на стара Србија кои требало да вршат функција на „продолжени” раце на власта. Така, од вкупно 641 училишта колку што имало на територијата на Вардарска Македонија (егзархиски) и 37.000 ученици, веќе кон крајот на октомври и почетокот на ноември 1912 г. повеќе од половината престанале со работа. Однооно, 1013 учители биле принудени да се прикажуваат (декларираат) за Срби, 761 црква биле прогласени за српоки, а заедно со црквите, за Срби биле објавени и 833 свештеници егзархисти.
По склучувањето на Букурешкиот мировен договор, Србија добила одврзани раце да отвора свои училишта и цркви, и, преку верата и воспитанието, што поскоро да го србизира македонскиот народ. Тогашниот министер на просвета на Србија, Љубо Јовановиќ, побарал да се одобрат 60 милиони динари од Владата, за организирање, отворање и работа во училиштата во „новооолободените” краеви.
Отворањето на четири обласни инспекторати во Македонија се смета како една од првите мерки на тој план. Од четирите инспекторати најголем бил Брегалничкиот, чие седиште, од целисходни причини, место во Штип, се наоѓало во Велес. За прв инспектор на Брегалничката училишна област бил поставен Стефан Нешиќ. Обласниот инспектор поставил 12 училишни надзорници кои биле задолжени во најкус можен рок да извршат непосреден увид на училишните згради, инвентарот, бројот на училишните обврзници, „декларираните” српски учители и на сите прашања сврзани со училишното дело.
Училишните надзорници до крајот на есента 1913 г. ги завршиле поставените задачи, направиле попис на училипггата, инвентарот, бројот на учениците, кадарот и др. Тие регистрирале кои училишни згради можат да се користат, кои згради не биле слободни, а во кои училишта заседнале војници, жандармерија и четници, околиски и оиштински службеници итн.
Ако на прв поглед работите околу отворањето на училиштата изгледале едноставни, практиката не го потврдила тоа. Пред се, голем број училишта за време на балканските војни биле разурнати, опожарени и разграбени. Немало ни доволен број на учители. Голем број од егзархиските учители и свештеници ги напуштиле своите родни и работни места и заедно со бугарските војски се повлекле во Бугарија. Во првата група на учителскиот курс во Белград, за изучување на српската историја, јазик и географија, се пријавиле само 152 учители, а за втората група само 84 учители.
Всушност, одбивањето на егзархиските учители да ги посетуваат курсевите во Белград единствено можело да се протолкува како мирен отпор спрема новата српска власт. Во работите околу отворањето на училиштата и организирањето на училишното дело се вмешала и полицијата. Односно, сите егзархиски учители кои пружале отпор по било кој основ, во поглед на посегувањето на националните курсеви во Белград, веднаш требало да бидат мобилизирани во српската армија и тоа во служба на позадинските работни единици. Спрема свештениците полицијата била уште поригорозна. Тие можеле и физички да бидат накажувани доколку пружале отпор спрема канонските правила на Српската православна црква.
По преземањето на овие драстични мерки спрема егзархиските учители и свештеници, мнозина од нив пребегнале во Бугарија и во Струмица.
Од една Заповед на Министерот на просвета и црковни работи од 28 септември 1913 г. може да се види дека Љубо Давидовиќ барал од Главниот просветен совет на Кралството, да бидат отворени средни училишта во
Штип, Велес, Дојран, Гевгелија, Кратово, Кочани и во Кавадарци. Во учебната 1913—1914 г. гимназии биле отворени само во Штип и Велес. За директор на гимназијата во Штип бил назначен проф. Лазар Трипковиќ, а на гимназијата во Велес проф. Павле Вујовиќ.
Во учебната 1913—1914 г. било предвидено училишта да бидат отворени во следните населени места:
— Кратовска околија: Злетово, Баратлије, Шопско Рудари, Страцин, Опила, и во Кратово;
— Кочанска околија: машко основно училиште во Кочани и во селата Блатец, Бели, Виница, Грдовци, Зрновци, Липец, Облешево, Оризари, Пантелеј, Соколарци и во Танатарци;
— Гевгелиска околија: Гевгелија, Богданци, Смоквица, Негорци, Горничет, Грчиште, Гавато, Стојаково, Моин, Мрзенци и во Миравци;
— Дојранска околија: Дојран, Фурка, Пирава, Кал’цково, Валандово!;
— Велешка околија: во Велес и во 16 населени места. Од прегледот јасно се гледа дека не се дадени пода
тоци за Овчеполска, Неготинска, Радовишка, Штипока, Царевоселока и Малешевска околија.
Тоа се должи пред се на недостигот на учители — Срби. Од вкупно 417 учители за учебната 1913—1914 г. за цела Вардарока Македонија, за Брегалничката област биле одредени се на се 31 учител, односно толку колку што биле потребни само за околиските градски центри. Засега, од сигурни извори се знае дека во таа учебна година, поточно до февруари 1914 г., училиште не било отворено дури и во Царево Село.
На српските завојувачи, кои од училиштата многу очекувале во поглед на асимилацијата на македонскиот народ, работите на тој план не им тргнале на добар пат. Во велешкото село Горно Врановци родителите по договор одбиле да ги пуштаат децата во српокото училиште. За да го задушат отпорот на родителите од ова село, во интервенцијата се вклучиле војници и жандарми. Работите не оделе како треба и во Штипската прогимназија. Во таа
учебна година на крајот во Прогимназијата останале да се школуваат само 13 ученика во IV клас.
Учениците не пројавувале интерес за изучување и на единствените наставни дисциплини: пеење, српски јазик, српска историја, српска географија и словенско читање. Последниот од овие наставни предмети бил укинат поради изучувањето на бугарските букви.
Наредната 1914—1915 учебна година, исто како и претходната, не започнала нормално. Тогаш, веќе Србија била во војна со АвстроУнгарија од една, и од друга страна во оваа учебна година започнало масовно дезртирање на воените обврзници, појавата на бегства преку границата, а зачестиле и масовните упади во четниците во ВМРО кои, меѓу другото, имале задача да не дозволуваат ширење на мрежата на српските училишта и цркви во Македонија.
Во 1915 г. училиштата повеќе личеле на жандармериски и војиички бункери одошто на места за образование и воспитание на младата генерација. Во еден извештај на училишниот инспектор на Малешевска околија, меѓу другото, е забележано: „Во некои села училиштата беа оставени без оружје и беа изложени на ризици. Целото население е во бегство .. . Учебната 1914/15 г. е карактеристична и по тоа што Тифусот е постојано присутен и многу училишта беа затворени и не работеа. Сите учители од Малешевока околија се принудени ноќите да ги минуваат во заседи заедно со жандармите”.
И додека работите на планот на училишното дело оделе во ќорсокак, Министерството за просвета од Белград, во септември 1915 г., донело Одлука да се отвори IVкласна прогимназија во Неготино, а Велешката гимназија да прерасне во VIкласна. За да бидат работите уште посмешни, од највисоките просветни органи во Белград се почесто пристигале заповеди и расписи со кои е барано да се изнаоѓаат најдобри можни решенија за привлекување во српските училишта и на децата од турска и влашка националност, како и на децата Македонци кои се школувале во унијатоките училишта во Гевгелија, Стојаково, Богданци и во село Палурци, Гевгелиско. Во унијатските училиш
та се школувале: во Гевгелија 69 ученика, во Стојаково 78, во Богданци 48 и во с. Палурци 50 ученици. И во работата на овие училишта почнала да се меша полицијата. Наставниците биле обвинети за соработка со четите на ВМРО, а врз родителите секојдневно бил вршен притиоок за да ги спречат децата да не ги посетуваат овие „бугарашки училишта.
Кога станува збор за работата на училиштата и црквите во тоа време, меѓу другото, важно е да се одбележи и тоа, каков бил односот на учителите спрема учениците. Современиците, тогашни ученици, едногласни се во изјавите дека српските учители повеќе личеле на жандарми и војници, одошто на воспитувачи. Тие влегувале во училниците честопати вооружени, ненаспиени и лути, поради омразата кон четите на ВМРО, сиот свој бес го истурале врз учениците: ги тепале и навредувале со пцости, упатени на нивната „бугарашка” мајка.
На крајот, за одбележување е и фактот дека во тоа време не биле отворени во сите населени места што се споменати во извепггаите и во другите документи што ги пишувале и иопраќале тогашните српски училишни надзорници. Така на пример, меѓу 1913—1915 г. не работеле училиштата во: Гавато, Мрзенци, Моин, Горничет и во с. Грчиште, Гевгелиско и Валандовско. Во с. Грчиште дошол учител, некои од селаните дури и не го виделе, а тој си заминал. Слична била оостојбата и во Малешевска, Царевоселска, Штипска, Радовишка и во Овчеполска околија. Наместо училипгга, српските власти масовно се подготвувале за изградба на жандармериски станици. Српските црковни и прооветни власти во поглед на денационализацијата на македонскиот народ не постигнале никакви резултати. Најреално речено, не изградиле и не реновирале ниту едно училиште, не успеале да ги воведат децата во наставата, а учителите самите себе се трансформирале во потерџии.

Advertisements

One Response to “ЦРКОВНОПРОСВЕТНАТА ПОЛИТИКА НА КРАЛСТВОТО СРБИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА 1912—1915”

  1. moco Says:

    wow!?
    dali avtorot ima zavrseno sredno obrazovanie i e zapoznaet so pravopis, ili kako se pisuvaat prosto-prosireni recenici?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s


%d bloggers like this: